Манчестер јунајтед ќе остане без тројца фудбалери во јануарскиот преоден рок. Клубот од „Олд Трафорд“, се наоѓа во голема криза, соблекувалната е полна со незадоволни фудбалери, а менаџерот Оле Гунар Солскјер е соочен со отказ.
Англиските медиуми, пишуваат дека Пол Погба поради повреда нема да игра до крајот на годината и дека катастрофалниот пораз од Ливерпул (0:5), веројатно бил неговиот последен настап во дресот на Јунајтед.
Дони ван де Бек, сака да ја прекина 18-месечната агонија. Од доаѓањето од Ајакас, Холанѓанецот најмногу време поминува на клупата за резерви.
„Олд Трафорд“, треба да го напушти и Дин Хендерсон. Голманот, кој имаше добри настапи минатата сезона, оваа му е резерва на Давид Де Хеа. Хендерсон не сака да биде резерва и ги разгледувал опциите кои му се нудат.