Златан Ибрахимовиќ и Хоакин, во неделата ги завршија своите фудбалски кариери. Нивното пензионирање значи дека сега има само тројца играчи од СП 2002 во Јапонија и Кореја кои активно се занимаваат со фудбал.
Прв меѓу нив е Џанлуиџи Буфон, легендата на италијанскиот фудбал кој се уште настапува за Парма. Тој се уште нема донесено одлука за повлекување. Буфон со својата долговечност и квалитет стана икона на голманската позиција, па и на 43 години пружа спектакуларни партии.
Вториот е Роке Санта Круз, парагвајскиот фудбалски великан и поранешен капитен на националниот тим. Санта Круз имаше одлична кариера каде играше за клубови како Баерн, Манчестер Сити, Бетис и Малага. Тој денеска на 41 година настапува за Либертад во својата татковина и го чека крајот на кариерата.
Третиот фудбалер е Бартоломеј Огбече, 38. годишен напаѓач кој моментално игра во Индија за Хајдерабад. Во 2002 година Огбече ја претставуваше Нигерија на Светското првенство, а во текот на кариерата играше за познати клубови како ПСЖ, Мец, Алавес, Реал Ваљадолид и Кадиз. Огбече има договор со Хајдерабад до ова лето, прашање е дали ќе ја продолжи кариерата.