Top Sport

Тројца фудбалери на Гостивар и член на струшниот штаб завршиле на распит во полиција

Фото/ facebook.com/KFGGostivari

Натпреварот меѓу Струга и Гостивар одигран во рамките на 28. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) имал и „трето полувреме“.

По нерешените 1:1 дојде до инцидент меѓу играчите на двата тима, поради што интервенираше и полицијата.

Фудбалскиот клуб Гостивар во неделата доцна навечер соопшти дека полицијата во Струга привела тројца нивни фудбалери и еден член на стручниот штаб.

„Тројца наши фудбалери и еден член на стручниот штаб се приведени во полициската станица во Струга и пет часа беа на распит. Не смеат да контактираат ниту со соиграчите, ниту со нивните роднини. Раководството и нашиот спортски директор со часови чекаат пред станицата со надеж дека ќе добијат каква било информација“, се вели во соопштението на ФК Гостивар.

Натпреварот заврши со резултат 1:1, но тензиите ескалираа дури по неговото завршување. Се очекува Фудбалската федерација на Македонија и надлежните институции да реагираат и да поведат постапка за расветлување на околностите на инцидентот.

Scroll to Top