Top Sport

„Трошат во преодните рокови како да се во циркус“

„Некои клубови трошат како да се во циркус“, рекол Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, по победата над Лидс. Клоп не ги именувал клубовите, но јасно е дека, тоа се однесува на Манчестер јунајтед и Манчестер сити.

Повод за ваквата изјава на Клоп, било новинарско прашање, зошто клубот не бил активен во летниот преоден рок. Ливерпул, летово се засили само со Ибрахим Конате, за кого на Лајпциг му платија 34 милиони фунти.

„Ја се пријавив за да работам на овој начин, досега бевме многу успешни. Работејќи на специфичен начин освоивме неколку трофеи. Сепак секогаш ме прашувате зошто работиме на овој начин. Мислевме дека имаме добра причина да им ги продолжиме договорите на играчите кои се важни за нашиот тим, тоа и го направивме. Не бевме спектакуларни како другите, мислам дека не треба да се носат играчи само за да бидете во циркусот“, рекол Клоп и дополнил.

„Другите клубови беа активни летово, во ред. Сега ќе играме против нив и ќе видиме што можеме да направиме“.

Манчестер јунајтед, на Џејсон Санчо, Рафаел Варан и Кристијано Роналдо потрошија 130 милиони фунти, додека Манчестер сити и Челси за 100 милиони фунти се засилија со Џек Грилиш, односно Ромелу Лукаку.

Scroll to Top