Top Sport

Цеск Фабрегас стави крај на блескавата кариера

Легендарниот шпански фудбалер Цеск Фабрегас на 36 години објави крај на блескавата кариера. Негов последен клуб беше италијанскиот Комо, каде сега ќе почне и тренерска кариера.

Фабрегас играше за Арсенал, Барселона, Челси, Монако и за Комо. Тој ќе биде запаметен како еден од најдобрите играчи за врска во Премиерлигата.
За шпанската репрезентација има 110 настапи и 15 голови.

Фабрегас со Шпанија го освои мундијалот, освои две европски првенства, двапати ја освои Премиерлигата, еднаш Ла Лига, еднаш триумфираше во УЕФА Суперкупот и еднаш Светското клупско првенство. Има уште многу други клупски трофеи.

 

Scroll to Top