Top Sport

Црвена звезда ќе го „вдоми“ Мејсон Гринвуд?

Мејсон Гринвуд може да добие шанса дури да игра во Лигата на шампиони, ако се потврдат шпекулациите во англиские медиуми дека контроверзниот напаѓач на Манчестер јунајтед е пред преселба во Црвена звезда.

21-годишниот Гринвуд, еден од најталентираните фудбалери произлезени од школата на „ѓаволите“ последната деценија, ќе се раздели со Манчестер јунајтед за кои беа премногу повлечените обвиненија за силување и насилничко однесување кон неговата девојка (со која подоцна се смири и има дете).

Според „Дејли мејл“, обидите на Јунајтед да се договорат со неколку турски клубови, како и со Лацио не успеале, така што во последен момент во игра влегла и Звезда. Останува да се види колку има вистина во овие пишувања.

Scroll to Top