Фудбалскиот клуб Црвена звезда експресно реагираше на пазарот откако остана без најдобриот играч Кванг. Кореецот за 8.000.000 евра, вчера се пресели во Феенорд.
Српските медиуми пренесуваат дека Немања Радоњиќ и Раде Круниќ дефинитивно ќе потпишат договор со ФК Црвена Звезда.
Радоњиќ, кој вториот дел од минатата сезона го мина на позајмица во Мајорка ја раскина соработката со Торино и се врати во Црвена звезда. Според медиумите тој ќе потпише три годишен договор.
„Спортал“ пишува дека Црвена звезда има договор и со Раде Круниќ. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина од Фенербахче ќе пристигне како слободен играч, но со клаузула од 50% од следниот трансфер. Круниќ е поранешен играч на Емполи и Милан.