Top Sport

„Црвените ѓаволи“ ја прифатија понудата, Мегваер се сели во Вест Хем

Манчестер јунајтед и Вест Хем постигнале договор околку трансферот на Хари Мегваер. Клубот од Лондон за трансферот на Мегваер ќе издвои 30 милиони фунти.

„Чеканите“ почнаа да го реновираат тимот, по продажбата на Деклан Рајс на Арсенал за цели 100 милиони фунти.

Дел од тие планови е и Мегваер, кому долго време не му оди најдобро во Јунајтед, па менаџерот Ерик Тен Хаг, му порача да си бара нов клуб. .

Мегваер пристигна на „Олд Трафорд“ во 2019 година од Лестер за 80 милиони фунти, со што стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Сепак, тој не успеа да ја оправда рекордната сума вложена во неговиот трансфер, поради големиот број почетнички грешки, често беше предмет на потсмев од фановите на социјалните мрежи.

Scroll to Top