Top Sport

„Црвените ѓаволи“ на шопинг во Брентфорд

Манчестер јунајтед ќе започне преговори со Брентфорд за евентуалниот трансфер на напаѓачот Брајан Мбеумо, објавија британските медиуми.

Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, веќе донесе еден напаѓач, Матус Куња од Вулверхемптон, за кого клубот плати 74 милиони евра.

Очигледно е дека на Аморим му треба уште еден напаѓач, изборот е Мбуемо, стрелец на 20 голоа за Брентфорд минатата сезона.

Јунајтед е уверен дека ќе го доведе 25-годишниот камерунски репрезентативец. Договорот на Мбеумо, кој истекува за една година, нема клаузула за превремен раскин, но постои опција тој да биде продолжен за уште една година.

Scroll to Top