Top Sport

„Црвените ѓаволи“ нема да го откупат договорот на Амрабат

Манчестер jунајтед нема да го откупи од фиорентина договорот на Софијан Амбрабат. Мароканецот по завршувањето на сезоната ќе се врати во Фиренца.

Амрабат, минатото лето, во последните часови од преодниот рок пристигна на позајмица од Фиорентина.

Јунајтед плати девет милиони евра за едногодишната позајмица, со опција да плати уште 25 милиони евра во јуни 2024 година доколку сака да го задржи Мароканецот на „Олд Трафорд“.

Сепак, со доаѓањето на Џим Ретклиф на „Олд Трафорд“ најавени се промени во клупската политика. Најбогатиот Британец кој го презеде спортскиот сектор најави дека 12 играчи ќе си заминат од клубит, еден од нив е и Амрабат.

Прашање е дали Амрабат ќе остане во Фиренца кога ќе се врати во клубот, бидејќи ги влоши односите со навивачите кога реши по секоја цена да ја напушти Фиорентина.

Сезонава одигра 12 натпревари за Манчестер јунајтед во Премиер лигата, пет во Лигата на шампионите и два во Лига купот.

Scroll to Top