Top Sport

Тудор бесен од одложувањето се расправаше и пцуеше на три јазици

Тренерот на Олимпик Марсеј, Хрватот Игор Тудор беше толку бесен на одложувањето на мечот против Спортинг Лисабон на „Велодром“, што се караше и пцуеше на три јазици во тунелот на стадионот.

Мечот првично беше одложен 10 минути откако автобусот на Спортинг заглави во гужва во Марсеј, но откако помина ова време, тимот на Марсеј чекаше во тунелот и поранешниот тренер на Удинезе и Верона беше бесен. Прво врескаше на англиски на официјалните лица, по што пцуеше на италијански кон судијата Давиде Маса, за потоа да сврти и на француски кон неговиот тим.

„Ова е Лига на шампиони, не амтерски турнир“ и „Тие го прават ова намерно, не ми е гајле што зборуваат“, беа дел од зборовите на Тудор. Во себе, сигурно пцуеше и на хрватски.

Scroll to Top