Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ постигна гол против Парма, што дополнително ја менува ситуацијата кога е во прашање неговиот статус во Јувентус.
„Старата дама“ се обидува да го продаде, поради неговата висока плата и фактот дека неговиот договор истекува следната година, но засега нема никаков договор.
Влаховиќ неодамна беше исвиркан од навивачите, меѓутоа, откако постигна гол против Парма (2:0), доби аплауз.
Му требаа само четири минути за да постигне гол откако влезе од клупата.
„Прекрасен гол, Душан е фокусиран, вистински професионалец. Работеше добро на секој тренинг. Ќе видиме што ќе се случи следната недела“, рече тренерот Игор Тудор и додаде:
„Јас имам свои идеи, но директорите ја носат конечната одлука“.
Првиот гол беше дело на Џонатан Давид, кој пристигна од Лил, а Тудор истакнува дека не е невозможно двајцата да играат од самиот почеток.
„Двајцата заедно на теренот? Размислував за тоа“, рече хрватскиот стручњак.
Следниот натпревар на Јуве е во недела, 31 август, во Џенова.
Фото/ Принтскрин