Top Sport

Тудор се врати на клупата на Удинезе

Удинезе и официјално потврдија дека поранешниот дефанзивец на Јувентус, Игор Тудор по вторпат е именуван за тренер на клубот од северот на Италија.

Удинезе го отпуштија Давиде Никола откако тимот оствари само две победи во Серија А во 2019 година, по што се најде на само еден поен од зоната за испаѓање.

Поранешниот хрватски репрезентативец веќе го одработи првиот тренинг со „зебрите“ и утре официјално ќе биде презентиран. Тој лани успеа да обезбеди опстанок со Удинезе пред да замине поради недоразбирања со бордот на клубот. Тудор ќе иде трет тренер на Удинезе оваа сезона по Никола и Хулио Веласкез.

Scroll to Top