Top Sport

Рето Шмидли – човекот кој го победи Роџер Федерер со 6:0/6:0

На АТП турнејата, освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули, Роџер Федерер има загубено само четири сета со 6:0 во својата долга кариера.

Првите три пати беа во 1999 година и тоа од Винс Спадеа, Патрик Рафтер и Бајрон Блек. Последниот пат беше најславниот, кога Рафаел Надал му зеде сет без гем во финалето на Ролан Гарос во 2008 година.

Но, во август 1991 година, на само 10 години, Федерер го има доживеано најтешкиот пораз – од 6:0/6:0. Како? Федерер требаше да игра на јуниорски турнир, но бидејќи немаше многу тенисери од неговата возраст, тој беше вклучен во постарата категорија, каде што играше со тогаш 13-годишниот Рето Шмидли.

Мечот се оддржал во „Грисенхелцл тенискиот центар“ во Прателн, во градче со 15 илјади жители во близината на Базел, каде што Федерер бил со својата мајка Линет. Шмидли успеал да не му дозволи на Федерер ниту еден гем, но сега вели дека верувал дека сегашниот 20-кратен гренд слем шампион ќе биде добар тенисер.

„Тој знаеше што треба да прави на тенискиот терен, но немаше доволно сили да го направи тоа. Правеше премногу грешки и затоа лесно победив. Но, планот на игра беше јасен. Потоа, тој остана во тој тениски центар, а јас заминав во Базел“, вели Шмидли во интервју за „Тенис италијано“.

Сепак, тој не успеал да стане професионален турнир и покрај преселбата во Австралија да работи со академијат ана Патрик Рафтер, и во моментов тој е полицаец. Шмидли вели дека честопати се гледа со Федерер во нивниот роден град Базел.

„Да, тој ми вели здраво, но не зборуваме за тој меч. Среќен сум што ме препознава, бидејќи кога луѓето ќе станат познати славата може да му удри во главата. Тој воопшто не е сменет“, додава Шмидли.

Scroll to Top