Хрватот Игор Тудор повеќе не е тренер на турскиот фудбалски великан Галатасарај. Информацијата што ја објавија турските медиуми се очекува клубот да ја потврди попладнево.
Според истите извори, претседателот на Галатасарај, Дурсум Озбек, цела ноќ разговарал со соработниците по што била донесена одлуката Тудор да добие отказ.
Хрватот има валиден договор со клубот до 2018 година, кој ќе биде спогодбено раскинат, а Тудор како обесштетување ќе добие 400.000 евра.
Медиумите во Турција шпекулираат дека нов тренер на Галатасарај ќе биде тренерската легенда Фатих Терим.
Како причина за отказот се наведува лошите резултати во дерби-натпреварите, односно поразите од Бешикташ (0:3), Бсакшехир (1:5), Трабзон (1:2) и синоќешниот од Малатијаспор (1:2).
Тудор на клупата на Галатасарај седна на 15 февруари оваа година.