Top Sport

Тудор си заминува од Сплит, Јувентус плати 450.000 евра на Хајдук

Хајдук потврди дека Игор Тудор веќе не е нивни тренер, со што се остава простор, тој да стане помошник на Андреа Пирло на клупата на Јувентус, за што сплитскиот клуб ќе добие 450.000 евра.

„Игор Тудор од денеска веќе не е тренер на Хајдук откако реши да ја прифати понудата на новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло да му се приклучи како помошник. Му посакуваме среќа“, се вели во соопштението на Хајдук.

Тудор доби понуда од Јувентус, клубот каде што играше од 1998 до 2007 година, со што се враќа во Серија А, каде што двапати беше на чело на Удинезе. Преоден тренер на Хајдук е Хари Вукас, досегашниот помошник на Тудор.

Тудор запиша 174 настапи за Јувентус и 39 за Сиена, а како тренер работеше во Удинезе, двапати спасувајќи ги од испаѓање. Покрај тоа, тој беше тренер и во ПАОК, Галатасарај и Карабукспор, а се врати во Хајдук во декември 2019 година и сезоната ја заврши на скромното петто место.

Scroll to Top