Top Sport

Тухел бара „повеќе“ од навивачите на Челси пред мечот со Реал

Менаџерот на Челси, Томас Тухел побара „повеќе“ од публиката на „Стемфорд Бриџ“ пред првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампиони против Реал Мадрид, по „камерната“ атмосфера при шокантниот 1:4 пораз од Брентфорд во текот на викендот.

„Потребна ни е поддршка од трибините. Мораме да бидеме подобри на теренот, јас сум првиот кој ќе го признае тоа, но во среда навивачите мора да се на ‘врвно ниво’ исто како фудбалерите на теренот. Ова е голем меч, четврт-финале против голем противник. Навивачите ни дават енергија и таа ни е потребна во овој меч“, вели Тухел.

Челси лани успеа да го елиминира Реал во полуфиналето на ЛШ на патот до титулата, но Тухел вели дека тоа е во минатото.

„Мислам дека нема никаква врска со мечевите од минатата сезона. Ги разгледавме последните мечеви на Реал, но не гледаме кон минатата сезона. Ние мораме да покажеме дека сме тука по саботниот пораз“, додаде Тухел.

Scroll to Top