Top Sport

Тухел дебитираше со реми без голови, Барнли со луд пресврт ја победи Вила!

Челси одигра само 0:0 со Вулверхемптон во дебито на Томас Тухел на клупата на „сините“, додека во далеку поинтересниот меч, Барнли ја продолжи фантастичната низа на резултати, победувајќи ги Астон вила со 3:2 откако по час игра губеа со 1:2.

Иако вчера го одработи првиот тренинг и тешко дека неговото влијание може да се забележи по еден натпревар, „сините“ овојпат играа со 3-4-3 тактика и со неверојатни 433 додавања во првото полувреме, најмногу за Челси откако се води оваа статистика (2003).

И покрај ова, патот до голот на Вулфс тешко се наоѓаше, а и гостите имаа неколку добри шанси да ги однесат трите поени.

Барнли на Шон Дајч, пак, тимот кој ја прекина низата од 68 домашни мечеви без пораз на Ливерпул во претходното коло, стигна до нова победа, откако за три минути ја „демонтираше“ Астон вила.

Оли Воткинс уште во 14. минута ги донесе Вила во водство на „Турф мур“, но Бен  Ми израмни во 58. минута. Џек Грилиш ја врати предноста во 68. минута, пред Двајт Мекнил и Крис Вуд во 76. и 79. минута да го комплетираат пресвртот.

Scroll to Top