Без повредениот Нејмар, Томас Тухел овојпат го остави Килијан Мбапе 90 минути во игра при 2:1 победата на Пари Сен-Жермен на гости кај Нант со која „светците“ се одвоија на 15 поени пред Марсеј на табелата (иако Марсеј има натпревар помалку).
Овојпат прва ѕвезда на тимот беше Анхел ди Марија, кој асистираше на двата гола на својот тим – на тој на Икарди во 29. минута и на тој на Тило Керер во 57. минута од мечот. Нант успеа да врати еден гол во 68. минута преку Симон, но трите поени отпатуваа за Париз.