Top Sport

Вале Роси со розева кацига за својата неродена ќеркичка

Валентино Роси ги вози последните трки во неговата кариера, откако потврди дека се пензионира на крајот на сезоната, а пред домашното ГП во Мизано, ја покажа својата нова посебна розева кацига.

Откако неодамна тој и неговата партнерка, Франческа Софија Новело потврдија дека чекаат ќеркичка, „Докторот“ реши ова да го прослави со интересна уникатна кацига.

„Којзнае, којзнае која си, којзнае што ќе бидеш, ќе го дознаеме тоа само со живеење“, пишува на кацигата на 9-кратниот светски шампион.

„Докторот“ потврди – Валентино Роси ќе стане татко

Scroll to Top