Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел има целосна доверба дека Нејмар секогаш е најдобар во големите мечеви, но посочува дека очекува големи работи од поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди пред денешното четврт-финале од Лигата на шампионите против Аталанта.
Килијан Мбапе најверојатно ќе биде на клупата поради повредата, додека Единсон Кавани веќе не е во тимот откако му заврши договорот со клубот ова лето. Токму затоа, Тухел верува дека Аргентинецот Икарди, кого го откупија од Интер по една сезона како позајмен фудбалер мора да блесне.
„Со повредата на Килијан и без Еди Кавани, важно е Икарди да го покаже својот карактер. За мене тој е момче кое никогаш не е исплашено, кое секогаш дава голови, кому можеш да му веруваш тактички. Сега треба да покаже дека може да не однесе до полуфинале“, вели Германецот.