Top Sport

Тухел ќе добие милионско обесштетување

Томас Тухел неславно ја заврши својата авантура во ПСЖ. Германецот вчера доби отказ, а како причина се наведува едно интервју кое Тухел го дал пред мечот со Стразбур. Тукел рекол дека во ПСЖ повеќе се чувствува како политичар или минестер за спорт него како тренер.

Договорот на Тухел со ПСЖ истекуваше на крајот од сезоната. Бидејќи истито е пред време раскинат, тој ќе биде обесштетен. Француските медиуми објавија дека Тухел од ПСЖ ќе добие шест милиони евра.

На позицијата на Тухел ќе дојде поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Scroll to Top