Top Sport

Тухел ќе го исфрли Лукаку од составот за дербито со Ливерпул?

Томас Тухел размислува да го изостави Ромелу Лукаку од составот на Челси за денешното дерби со Ливерпул по неговото контроверзно интервју кое беше објавено оваа недела и кое предизвика бура реакции меѓу навивачите на Челси.

28-годишниот Лукаку во интервјуто за „Скај спортс Италија“, за кое не бил информиран клубот, јавно кажува дека не е задоволен во Челси поради тактиката на Тухел, и носталгично зборува дека би сакал да се врати во Интер додека е „на врвот на кариерата“. Тој исто така вели дека чекал понуда од Реал Мадрид, Барселона или Баерн Минхен, но дека кога не стигнала понуда, решил да замине во Челси.

Интервјуто се објавува три недели откако биде објавено, токму во време кога дојде до падот на формата на „сините“.

Според порталот „Гол“, Тухел размислува да го исклучи целосно од тимот за супер-важниот меч со Ливерпул, кој двата тима мораат да го добијат ако сакаат да го заддржат темпото со лидерите Манчестер сити. Тухел досега беше релаксиран во односите со медиумите, но во петокот по објавувањето на интервјуто призна дека ќе зборува со Лукаку и дека интервјуто доаѓа во „незгодно“ време за клубот.

Scroll to Top