Top Sport

Тухел: Мислев Џејмс го викнаа да игра ватерполо

Менаџерот на Челси, Томас Тухел со шега одговори на изненадувачкото вклучување на Рис Џејмс во англиската репрезентација, велејќи дека мислел дека десниот бек го викаат за ватерполо, бидејќи тој се опоравува од повредата со тренинзи во базен.

21-годишниот дефанзивец, кој веќе има 8 настапи за репрезентацијата, беше вклучен во тимот на Герет Саутгејт за мечевите против Андора и Унгарија и покрај повредата која ја доби на мечот со Манчестер сити.

„Кога видов дека го викнале, си помислив дека ќе игра за ватерполо репрезентацијата на Англија, бидејќи сега тренира во базен. Тоа сигурно нема да се случи, така што мора да се работи за недоразбирање“, вели Тухел.

Scroll to Top