Top Sport

Рома има огромен долг, американските газди внесоа нова финансиска инјекција

Рома има долг од 399.2 милиони евра на крајот на август, по што новите газди, американското семејство Фридкин уфрлило 25 милиони евра во клубот.

Последниот финансиски извештај покажува долг од 399.2 милиони евра, 87.5 милиони евра повеќе од јуни 2021 (311.7 милиони евра). За да се осигура финансиската стабилноста на клубот, „Фридкин групацијата“ инјектирала 25 милиони евра.

Тие веќе вложија повеќе од 273.3 милиони евра во клубот по преземањето од сонародникот Џејмс Палота, кому платија 199 милиони евра за клубот, што значи дека инвестицијата достигнува речиси пола милијарда евра.

Рома има одличен старт на новата сезона под водство на тренерот Жозе Мурињо и очекувањата во вечниот град се големи.

Scroll to Top