Top Sport

Тухел му ја честиташе титулата на Баер

Тренерот на Баер, Томас Тухел, се помири со губење на титулата по поразот од Борусија, Дортмунд (0:2) во саботата во Минхен.

На седум кола пред крајот актуелниот шампион заостанува зад лидерот Леверкузен со огромни 13 бода и Тухел е свесен дека таа предност ќе биде невозможно да се анулира.

Во исто време, по пресврт, Баерн го совлада Хофенхајм со 2:1 и ја продолжи сезоната од соништата.

На прашањето дали Баерн ја загуби трката за титулата со поразот од Борусија, Тухел рече:

„Очигледно дека е“, изјави тренерот на Баварците, а потоа додаде:

„По денешниот натпревар веќе нема потреба да се бројат бодовите. Која е разликата сега? Честитки за Леверкузен“.

Баер во саботата го доживеа првиот пораз од Борусија на „Дер класикер“ на домашен терен од 2019 година.

 

Scroll to Top