Top Sport

Тухел му порача на Белингам да ги почитува соиграчите

Селекторот на Англија, Томас Тухел, го предупреди Џуд Белингам дека „однесувањето е клучно“ откако ѕвездата на Реал Мадрид реагираше бурно на замената за време на натпреварот против Албанија, кој Англија го доби со 2:0.

Инцидентот се случи на крајот од натпреварот, веднаш откако Хари Кејн го постигна својот втор гол, а реакцијата на ѕвездата на Реал Мадрид предизвика остар одговор од тренерот.

Се играше 84-та минута кога Морган Роџерс беше подготвен да влезе во игра наместо Белингам, кој веќе имаше жолт картон. Кога му стана јасно дека ќе биде заменет, играчот од средниот ред на Реал почна да мавта со рацете од фрустрација.

„Видов дека не беше среќен“, рече Тухел по натпреварот. „Морам да го прегледам тоа. До одреден степен, ако имате играчи како Џуд кои се толку конкурентни, никогаш нема да им се допадне тоа. Но, јас велам дека ние сме обврзани да имаме стандарди на меѓусебно почитување. Значи, ако некој чека да влезе, нема да ја промениме нашата одлука само затоа што некој мавта со рацете.“

Германецот рече дека нема да толерира такви работи.

„Не сакам да правам голем проблем од тоа, но се држам до моите зборови, „однесувањето е клучно“ и почит кон соиграчите кои треба да влезат на теренот. Одлуките се носат и мора да ги прифатите како играч. Неговиот пријател чека крај аут линијата. Мора да го прифатите тоа и да продолжите понатаму. Џуд исто така имаше жолт картон и донесовме одлука пред вториот гол“, заклучи Тухел.

Scroll to Top