Top Sport

Тухел му порача на Лукаку: Биди малку како Тимо Вернер!

Пред денешното полуфинале од ФА купот против Кристал палас, менаџерот на Челси, Томас Тухел му порача на Ромелу Лукаку дека мора да се инспирира од Тимо Вернер и работната етика на Германецот за да ја „сврти“ кариерата по враќањето на „Стемфорд Бриџ“.

Белгискиот голгетер се врати во Челси по фантастичната сезона со Интер во која ја освои титулата од Серија А, и имаше одличен старт, по што следуваше пад во формата, контроверзни интервјуа во кои го критикуваше Тухел и незадоволство меѓу фановите. Тухел вели дека Вернер, кој исто така имаше проблеми со адаптирањето во Премиерлигата, треба да му служи како инспирација.

„Тоа што го направи Тимо е точно тоа што треба да го направи Ромелу. Да чека, да биде трпелив, да работи напорно и да го стави тимот на прво место. Да биде подготвен да помогне на тимот, бидејќи како напаѓач можеш да помогнеш за неколку секунди. Сега, тешко е да го оставам Тимо на клупата, навистина сум импресиониран од него, посебно во последните неколку меча“, вели Тухел.

Scroll to Top