Top Sport

Фановите на Лидс со оглас во Аргентина му се заблагодарија на Биелса

Навивачите на Лидс јунајтед не го заборавија својот поранешен менаџер, Марсело Биелса, кој доби статус на култен херој на „Еланд роуд“, заблагодарувајќи му се за направеното со оглас во најголемиот весник во родниот град на Аргентинецот, Росарио.

Биелса доби отказ оваа година по слабите резултати, по што беше заменет со поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Џеси Марш, но „белите“ не го заборавија Аргентинецот, кој по пристигнувањето во клубот во 2018 ги врати во Премиерлигата. Тие објавија оглас на цела страница во весникот „Ла капитал“, со благодарност за Биелса.

„Ти ја врати нашата гордост, ни даде радост и ни создаде драгоцени сеќавања кои ќе траат цел живот. И беше прекрасно, Марсело. Секогаш ќе биде прекрасно. Ти благодариме“, се вели во огласот.

Scroll to Top