Речиси е сигурно дека Адриен Рабио ќе замине од Пари Сен-Жермен уште во јануари, откако тренерот Томас Тухел го загуби трпението и му забрани пристап на Французинот во соблекувалните кога се играат мечевите.
23-годишниот Рабио го одби понудениот нов договор на ПСЖ, клуб каде што излезе од младинските категории и има 14 настапи од 2012 година, и постојано е поврзуван со трансфер во Барселона. Спортскиот директор на францускиот клуб, Антеро Енрике потврди дека Рабио нема долгорочна иднина на „Паркот на принцовите“.
„Како што сега стојат работите, не. Тоа беше одлука на клубот по состанокот со фудбалерот. Тој сака да замине на крајот на сезоната како слободен фудбалер и затоа ќе остане на клупата“, изјави Енрике за „Јаху спортс“.
Шпекулациите во шпанскиот печат тврдат дека ПСЖ веќе му го понудила Рабио на Барселона за само 5 милиони евра во јануарскиот преоден рок.