Top Sport

Тухел: Не чувствувам потреба за одмазда кон ПСЖ

Менаџерот на Челси, Томас Тухел вели дека не сака да се сити на својот поранешен клуб Пари Сен-Жермен, откако стигна до финалето на ЛШ само шест месеци откако доби отказ од францускиот клуб.

Ова е второ финале во низа за 47-годишниот Тухел, откако лани ги предводеше ПСЖ до пораз од Баерн Минхен, по што доби отказ во декември.  Додека Челси ги елиминираше Реал Мадрид, ПСЖ беа елиминирани во двомечот со Манчестер сити.

„Не, немам такви чувства во мене. Секако, задоволеувачки е на лично ниво да си повторно во финалето на ЛШ, но не поради тоа што се случи во декември. Благодарен сум што добив шанса да покажам што умеам и со Челси. Да се пристигне со тимот во Истанбул е фантастично, но нема дополнително задоволство што ПСЖ не се таму. Јас сум таму“, вели  Тухел.

Scroll to Top