Top Sport

Мејведер искрен по конфликтот со Пол: Вакви работи се продаваат!

Боксерската легенда Флојд Мејведер Јуниор покажа поинаква страна од неговиот карактер веднаш по контроверзната и луда пресметка со Јутјуберот Џејк Пол во четвртокот.

Тепачката која се случи на настанот за промоција на мечот на Мејведер против братот на Пол, Логан Пол во јуни, го остави Џејк Пол со модро око и повреда на устата, а самиот Мејведер како луд човек одеше по ходниците пцуејќи и ветувајќи дека ќе го убие најмладиот брат Пол.

Меѓутоа, на промотивната фотосесија, 43-годишниот Мејведер, кој инаку изгледа во одлична физичка подготовка, беше професионален.

„Морам да бидам во контрола на работите. Види, јас знам што се продава. Видовте што се случи денеска? Тоа се продава“, изјави Мејведер.

Секако, оваа изјава фрла сомнеж на целиот инцидент – дали тој успеа толку бргу да се смири, или целата ситуација беше креирана само за публиката.

Хаос во Мајами – Мејведер со тупаници го удираше Ју-тјуберот Џејк Пол

Scroll to Top