Челси скапо ја платија убедливата победа над Малме (4:0), во Лигата на шампионите. Натпреварот со шампионот на Шведска пред време го завршија Ромалу Лукаку и Тимо Вернер.
Лукаку со повреда на зглобот, теренот го напушти во 23.минта, а Вернер го повреди бутниот мускул во финишот на полувремето.
„Мислам дека наредните денови нема да тренираат. Колку долго не знам. Тоа е лошо. бидејќи се во добра форма, креираат шанси, постигнуваат голови, а пред нас има многу натпревари. Ќе мора да најдеме решение. Сега ќе мора оние кои ќе чекаат шанса да ги преземат главните улоги“, рекол менаџерот Томас Тухел.
Челси во наредната рунда, во Премиер лигата, ќе игра против Норич.