Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, рекол дека очекува уште подобра игра од својот најдобра играч Нејмар, Бразилецот викендов го постигна единствениот гол во 87 минута, во Лион со кој ПСЖ го победи домаќинот.
Нејмар минатата недела се врати во тимот, откако цело лето се поврзуваше со трансфер во Барселона и се рехабилитираше од повредата.
„Може уште подобро и ќе игра подобро. Потребен ни е во својата најдобра форма, особено во кога играме тешки натпревари. Важни ни се фудбалерите што можат да решат натпревар со еден потег“, рекол Тухел.
„Има договор со нас, 100 отсто е наш. Целосно е вклучен во тимот, делува дека е задоволен, се шегува и се смее со соиграчите…“, дополнил тренерот на Пари Сен Жермен.
Екипата на Тухел ја предводи табелата во Франција со 15 бода од шест одиграни натпревари.