Top Sport

Тухел: Нејмар ќе мора да се помири со свирежите од навивачите

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел вели дека Нејмар едноставно мора да ги прифати свирежите од навивачите на ПСЖ откако својот как-бек во францускиот шампион го одбележи со спектакуларен гол против Стразбур во саботата.

Во првиот меч од сезоната за Нејмар, во судското продолжение Нејмар постигна гол со „ножички“, откако беше исвиркуван од публиката на „Паркот на принцовите“ поради неговата желба да замине од тимот, која ова лето беше главна тема. Тухел вели дека Бразилецот нема избор.

„Не е лесно, бидејќи тој е чувствително момче, но добро му одеше. Тоа е животот, не е лесно за навивачите при преодниот рок. Затоа, мора да го прифатиме нивното однесување. Нејмар може да игра и подобро, со повеќе дриблање и трчање. Потребни му се уште натпревари за да го најде ритамот и физичката сила. Има квалитет да го реши мечот и го покажа тоа во последната минута“, изјави Тухел.

Нејмар, пак, самиот ја прифати „судбината“, велејќи дека отсега ќе се фокусира на ПСЖ и ќе игра на секој меч „како да е гостински“.

Scroll to Top