ПСЖ нема да му понуди нов договор на тренерот Томас Тухел. ЕСПН, објави, дека намерата на клупските челници е да го сменат комплетниот стручен штаб.
Тухел не е во добри односи со спортскиот директор Леонардо, откако јавно ја критикуваше клупската трансфер-политика. Според француските медиуми, тој самиот би одбил да го продолжи договорот, доколку добиел таква понуда од клубот.
Од друга страна, во клубот биле незадоволни од формата во која се наоѓа тимот. Според нив ПСЖ премногу е зависен од формата на Нејмар и Клијан Мбапе.
Тухел, од доаѓањето во Париз, доминираше со тимот во Франција, но не успеа да ја оставри основната цел, односо да ја освои Лигата на шампионите. Минатата сезона, ПСЖ беа поразени во финалето од Баерн Минхен.
Наводно, нов тренер на ПСЖ ќе биде Масимилијано Алегри или Маурисио Покетино.