Top Sport

Тухел: Од Леонардо зависи дали Нејмар ќе игра

Пари Сен Жермен синоќа лесно ја победија екипата на Тулуз (4-0). Труимфот „светците“ скапо го платија бидејќи во текот на мечот се повредија Единсон Кавани и Килијан Мбапе. Според медиуми повредата на Кавани не била сериозна, за разлика од повредата која може најмалку еден месец да го оддалечи Мбапе од фудбалските терени.

Здравствениот билтен повторно го отвори прашањето за статусот на Нејмар во екипата. Пред мечот тренерот Томас Тухел рекол дека Нејмар е подготвен но дека од некои други причини не е во тимот. Истото го потврдил и по мечот со Тулуз.

„Целта е целата приказна да заврши. За жал тоа се уште не се случило. Нејасна е ситуацијата, мораме да ја решиме. Ме прашавте сега дали Нејмар ќе игра на следниот меч против Мец? Тоа не е моја одлука. Да решавав јас тој ќе играше и против Тулуз. Се зависи од Леонардо“, рекол Тухел префрлајќи ја топката кај спортскиот директор кој работи на трансферот на Бразилецот.

Scroll to Top