Top Sport

Тухел одби да го повика Рабио и покрај кризата со повреди на ПСЖ

Адриен Рабио нема да биде во составот на Пари Сен-Жермен за мечот од Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ и покрај тоа што францускиот шампион ќе биде без повредените Нејмар, Единсон Кавани и Томас Муние.

Французинот нема играно за ПСЖ од 11 декември и според „Л’Екип“, тренерот Томас Тухел нема да потклекне ниту утревечер и нема да го постави во составот за дуелот од Лигата на шампионите. 23-годишниот Рабио одби да потпише нов договор со ПСЖ, по што е „замрзнат“ од управата на клубот, која дури му забрани да ги посетува соблекувалните за време на мечевите на ПСЖ.

Тухел воопшто не го спомена Рабио кога зборуваше за неговите повредени фудбалери.

„Не можеме целиот товар да му го префрлиме на Килијан Мбапе. Не е негова работа да го замени Кавани или Нејмар, бидејќи не може да игра на три позиции. Тешко се заменуваат квалитетните фудбалери и не можеме да го замениме Нејмар. Манчестер јунајтед не би можеле да го заменат Пол Погба или Маркус Рашфорд, на пример“, изјави Тухел.

Фото: ЕПА

Scroll to Top