Top Sport

Карлос Моја призна: Рафа не може ментално да го победи Ѓоковиќ

Тренерот на Рафаел Надал и поранешен светски број 1, Карлос Моја ја испофали менталната сила на Новак Ѓоковиќ, признавајќи дека Рафа едноставно не може да ја добие менталната битка со Србинот.

Ѓоковиќ го „збриша“ Шпанецот во три сета со 6:2/6:3/6:3 во финалето на Австралија опен минатиот месец, и Моја признава дека за дуел со светскиот број 1 е потребно нешто повеќе.

„Тој е тенисер кој поставува голем притисок на тебе и ако му дозволиш да дише, тогаш нивото е многу високо. Го има најдобриот бекхенд на турнејата и е природен победник. Ментално е најсличен со Рафа од сите тенисери и Рафа не ја добива менталната битка како обично со другите тенисери“, вели Моја.

Scroll to Top