Top Sport

Тухел покрај помошникот од Челси, го сака и Мејсон Маунт

Новиот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел сака да работи со фудбалерот од средниот ред на Челси, Мејсон Маунт, кој се наоѓа во конфликт со „сините“ околу новиот договор, тврди „Тајмс“.

Челси не се подготвени да му ја исполнат желбата за висока плата на Маунт, по што шпекулациите велат дека за него се заинтересирани повеќе премиерлигашки клубови, како Ливерпул и Манчестер јунајтед, но сега во игра влегуваат и Баварците со неговиот поранешен тренер. Се очекува Челси да бара околу 50 милиони фунти, посебно откако во понеделникот се откри дека тимот има загуба од 121 милиони фунти за 2021/22, така што ќе мора да се продадат дел од играчите за да се исполни финансискиот ферплеј.

Тухел, пак, токму со Маунт како клучен играч во Челси ја освои титулата од Лигата на шампиони во 2021 година. Тој исто така јавно на прес-конференција на Баерн откри дека сака да работи со помошникот тренер Ентони Бери, кој остана во Челси, нешто што ги налути првите луѓе на премиерлигашот.

Scroll to Top