Top Sport

Конте ги заклучил играчите на Тотенхем во соблекувална за да најдат „решенија“

Антонио Конте веќе е минато во Тотенхем по отказот кој го доби по неверојатното интервју во кое се сврти против играчите и клубот, а сега „Кориере дело спорт“ објавува неверојатна приказна за тоа како се обидел да ги реши проблемите во лондонскиот клуб.

Откако имаа низа лоши резултати со една победа во пете меча и тешки порази од Астон вила, Арсенал и Манчестер сити, 53-годишниот италијански тренер решил дека е време играчите да преземат оговорност, заклучувајќи ги во соблекувалната во тренинг-центарот и порачувајќи им дека мора да најдат решение меѓу себе.

Според „Кориере“, фудбалерите на Тотенхем решиле да побараат од Конте да игра поофанзивно, бидејќи дефанзивната игра ги „ограничувала“. По ова следуваше враќање на формата со три победи во низа, но мотивацијата бргу пандала и по 4:1 поразот од Лестер и испаѓањето од Милан во Лигата на шампиони, а додека Конте беше во Италија за операција на жолчката, Тотенхем успеаја да испаднат во ФА купот од Шефилд јунајтед, пораз кој според „Кориере“ ја запечатил неговата судбина.

Scroll to Top