Томас Тухел е без работа од септември кога доби отказ од Челзи, медиумите шпекулираат дека тој наскоро ќе се пресели во Ла Лига.
Германскиот доби отказ на „Стемфорд Бриџ“, по поразот од Динамо во првото коло од групата на Лигата на шампионите, а го наследи Греам Потер.
Тухел во меѓувреме се поврзуваше со неколку клубови, а во текот на Мудијалот и со селекциите на Англија и Германија. Откако беше објавено дека Герет Саутгејт и Ханси Флик ќе останат на своите позиции, стана јасно дека Тухел повторно ќе работи како клупски тренер.
Неколку медиуми тврдат дека Тухел интензивно започнал да го учи шпанскиот јазик, бидејќи од се очекува следната сезона да води силен тим во Примера. Карло Анчелоти тешко ќе ја загуби работата во Реал Мадрид, иако никогаш не се знае со Флорентино Перез. Италијанецот има договор до крајот на 2024 година.
Исто така, речиси е невозможно Чави Ернандез да добие отказ во Барселона.
Најсериозна опција е да го замени Диего Симеоне, кој единаесет години е во Атлетико Мадрид, а клубот стагнира последните две сезони. Многумина се незадоволни од начинот на кој Аргентинецот го води тимот, па шпанските медиуми тесно го поврзуваат Тухел со преселба во Атлетико.