Top Sport

Тухел: Ридигер си оди, поради санкциите не можеме да го заддржиме

Томас Тухел потври дека Антонио Ридигер ќе си замине од Челси на крајот на сезоната и покрај тоа што клубот му понудил да стане најплатен дефанзивец во историјата на „сините“, и најверојатно ќе замине во Реал Мадри, Барселона, ПСЖ или Јувентус.

Германецот вели дека Челси дале максимум што можат да го заддржат Ридигер на „Стемфорд Бриџ“, но дека не можеле да ги исполнат неговите побарувања поради санкциите по кој е клубот поради газдата Роман Абрамович. 29-годишниот Ридигер за малку ќе заминеше од Челси кога менаџер беше Френк Лампард, но под Тухел стана редовен првотимец и незаменлив човек во одбраната.

„Во моментов не можеме да најдеме вистинска замена поради санкциите, а дури и кога тие ќе бидат минато ќе биде многу тешко. Тони претставува голем дел од нашиот тим и вистински лидер кој носи самодоверба на теренот. Без разлика колку ќе ми недостасува, животот ќе продолжи и без Тони. Тој секогаш ја имаше својата поддршка во клубот, а клубот направи многу да го заддржи. Поради санкциите не може да му се понуди повеќе и тоа е тоа“, призна Тухел.

Челси е по рестрикции од британската влада откако газдата Роман Абрамович беше санкциониран на 10 март. 55-годишниот Русин го стави клубот на продажба и се очекува таа да биде комплетирана во мај.

Scroll to Top