Top Sport

Тухел се израмни со Сколари – нема пораз откако е на клупата на Челси

Фудбалерите на Челси попладнево кај Лидс одиграа 0:0. На тој меч блескаше голманот на „сините“ Едуард Менди кој успеа дури по 19. пат да ја сочува празна својата мрежа, а од неговото доаѓање во Лондон бранеше на 31 меч. Досега одличниот чувар на мрежата прими само 18 гола.

Со денешниот нов меч без пораз, стратегот на Челси, Томас Тухел изедначи рекорд на Фелипе Сколари.

Откако е на чело на лондонската екипа, Германецот во сите 12 меча во сите натпреварувања нема ниту еден неуспех, што претставува најдобар старт, исто како оној своевремено на Сколари.

За да стане единствен во оваа престижна статистика, Тухел и Челси ќе треба да останат непоразени и следното коло кога го дочекуваат тимот на ВБА во рамки на Премиерлигата.

Scroll to Top