Top Sport

Тухел се прикраде до Мане и му го соблече шорцот

Томас Тухел се обидува да ја врати добрата атмосфера во тимот на Баерн. Баварците, по една недела, повторно се лидери на табелата во Бундес лигата. Го искористија киксот на Дортмунд и со триумфот над Херта ја вратија предноста од два бода, во борбата за титулата.

Тухел, пред речиси два месеци, седна на клупата на Баерн. Досега неговиот мандат не е успешен (испадна од Купот на Германија и Лигата на шампионите), но иднината не му е загризена, тој и наредната сезона ќе го води тимот.

На последниот тренинг на Баерн се гледа дека Тухел се труди да има добар и отворен однос со играчите, па дури е подготвен и за шега.

Тоа најдобро го покажа видеото кое се појави на социјалните мрежи, а во центарот на вниманието покрај Тухел беше и Садио Мане.

Тухел се прикрадува зад Мане, а потоа ги изненади сите кога му го соблече шорцот на Сенегалецот и почна да се смее, а потоа избега од „местото на настанот“.

Очигледно беше дека и Мане беше изненаден од потегот на својот тренер и не знаеше како да реагира бидејќи на почетокот не виде за кого се работи. Почна да се смее кога забележа дека се работи за тренерот Тухел.

Садио Мане живее тешки денови во Минхен, особено по тепачката со Лирој Сане, по првиот четвртфинален натпревар со Манчестер сити (0:3). Беше суспендиран од еден натпревар и парично казнет од страна на клубот, а се погласни се најавите дека во летниот преоден рок ќе го напушти Минхен.

Scroll to Top