Top Sport

Тухел: Сите во ПСЖ размислуваат само за Манчестер јунајтед

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел вели дека се обидува да ги мотивира своите фудбалери за мечот со Бордо, но дека дозволува мислите да залутаат на пресметката во Лигата на шампионите со Манчестер јунајтед.

ПСЖ во неделата го доживеа првиот пораз во Лига 1 со 2:1 од Лион, по што неубедливо ги победија 3:0 третолигашите Вилефранш со три гола во продолженијата. Сега во сабота ги чека дуел со Бордо, клуб кој ги загуби последните три меча, пред следната недела да патуваат на „Олд Трафорд“ за вторничка пресметка со Јунајтед.

„Не сме глупави. Сите размислуваме за Манчестер, сите мои играчи и тоа е нормално. И јас мислам на Манчестер. Гледав видеа на Бордо и видеа на Манчестер. Мораме да бидеме опуштени. Утре, кога ќе дојде време ќе зборуваме за Бордо и ќе си ја завршиме работата“, вели Тухел.

Нејмар е во „аут“ во дуелот поради повредата, но Тухел доби добри вести со враќањето на Марко Верати во составот откако го превитка скочниот зглоб при 9:0 победата над Генгам на 19 јануари.

Фото: ЕПА

Scroll to Top