Top Sport

Тухел со фантастична имитација на Пеп!

Пред големото финале во Лигата на шампионите помеѓу Челси и Манчестер сити, менаџерот на „сините“, Томас Тухел беше „фатен“ од папараците како совршено ги имитира гестикулациите на својот ривал Пеп Гвардиола.

Во разговор со фудбалерите и својот тим, Тухел јасно ги имитираше потезите на Гвардиола пред да ја забележи присутната камера и да им прати поздрав.

Утрешниот меч на Тухел му е само 30. како тренер на Челси, откако во претходните 29 меча оствари 18 победи, 6 ремија и 5 порази.

Scroll to Top