Top Sport

Тухел учи шпански, се подготвува за местото во Реал Мадрид?

Томас Тухел, поранешниот тренер на Челси, Пари Сен-Жермен и Борусија Дортмунд, активно учи шпански јазик во надеж дека ќе може да се пресели во Реал Мадрид, тврди „Скај спортс“.

Германскиот тренер беше отпуштен во септември, нешто повеќе од една година откако на Челси им ја донесе втората титула во Лигата на шампиони, и оттогаш наводно одбил повеќе понуди од премиерлигаши, а не бил заинтересиран ниту да го замени Антонио Конте во Тотенхем, доколку Италијанецот си замине на крајот на сезоната. Друга прифатлива опција, освен шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона биле Јувентус, но клубот од Торино не сака да се реши да му даде отказ на Макс Алегри поради високата отштета која треба да ја плати.

Scroll to Top