Top Sport

Јувентус казнет со 15 поени, суспензии за Ањели, Паратичи, Недвед…

Италијанскиот федерален апелационен суд го прифати барањето на обвинителот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) за отварање на спортско судење против Јувентус за користењето на фалсификувани документи за прикажување на повисоки приходи, доделувајќи им драконска казна од 15 поени во Серија А!

Финансискиот обвинител заклучи дека Јувентус се виновни за повеќе финансиски прекршоци со што клубот заштедил 90 милиони евра во плати на играчи.

„Федералниот апелационен суд под водство на Марио Луиџи Торсело делумно ја прифати жалбата од федералниот обвинител, казнувајќи го Јувентус со 15 поени во сегашната фудбалска сезона и со казни за 11-те управители на клубот: Фабио Паратичи (30 месеци), Андреа Ањели и Маурицио Аривабене (24 месеци), Федерико Керубини (16 месеци), Павел Недвед, Паоло Гаримберти, Енрико Велано, Асија Вениер, Кејтлин Хјуз, Даниела Марилунго и Франческо Ронкаљо (16 месеци)“, се вели во објавата на ФИГЦ.

Судот ги ослободи другите обвинети клубови, Сампдориј, Емполи, Џенова, Парма, Пиза, Пескара, Про Верчели и Новара.

Јувентус можат да се жалат до Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ).

Scroll to Top