Менаџерот на Челси, Томас Тухел потврди дека неговиот клуб е заинтересиран за Пјер-Емерик Обамејанг, велејќи дека уште е добар пријател со габонскиот интернационалец од заедничкото време во Борусија Дортмунд.
Челси бараат засилување во нападот, и последните шпекулации велеа дека се блиску до договор со Барселона за трансфер на Обамејанг за 13 милиони фунти, но и на Френки де Јонг, кој подолго време беше поврзуван со Манчестер јунајтед.
„Уживав во работата со него во Дортмунд. Тоа беше вистинско задоволство и иако нема врска со тоа што се случува денеска, со некои фудбалери со кои си работел секогаш си пријател“, изјави Тухел.
И покрај овој интерес, тренерот на Барса, Чави вели дека смета на својот напаѓачч и во новата сезона.
„Сметам 100 отсто на Обамејанг. И покрај тоа што е Левандовски во тимот, тој ни е потребен“, изјави Чави за „АС“.